| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: На Србија ѝ претстои тешка дипломатска битка во УНЕСКО за Косово

На Србија ѝ претстои тешка дипломатска битка во УНЕСКО, за да го спречи приемот на Косово во таа меѓународна организација, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, пренесува новинската агенција „Танјуг“.

dacic1

Дачиќ во Њујорк е дел од делегацијата на српскиот претседател Томислав Николиќ за 70. сесија на Генералното собрание на ОН.

Српскиот министер синоќа учествуваше на седница на Министрите на земјите-членки на УНЕСКО и ги запозна со ситуацијата во која се наоѓа српското културно наследство во Косово.

Во Косово има четири објекти под заштита на УНЕСКО, кои, освен што се под закана од физичко уништување, речиси врз сите се испишани графити на Исламска држава, против која денеска се бори целиот свет, изјави Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top