| четврток, 6 декември 2018 |

Икер Касилјас од утре ќе биде апсолутен рекордер во Лигата на шампионите

FC Porto vs Benfica

Шпанската голманска легенда кој ова лето се пресели во редовите на Порто, Икер Касилјас, од утре ќе стане апсолутен рекордер по бројот на настапи во Лигата на шампионите.
Дологодишниот капитен на Реал Мадрид, во моментов го дели првото место со неговиот добар пријател од репрезентацијата на Шпанија, Чави Ернандез, кои имаат по 151 одигран натпревар.
Утре, Порто на „Драгао“ го пречекува Челси и Касилјас секако ќе биде меѓу стативите, бидејќи нема конкуренција во екипата за настап во првиот тим.
Мечот на „Драгао“ ќе биде специјален бидејќи Касилјас повторно ќе се сретне со Жозе Мурињо, а португалскиот стручњак се враќа во Порто со кој во 2004 година ја освои Лигата на шампионите.
Како што стојат сега работите, „Сан Икер“ уште долго ќе биде на првото место на вечната листа, бидејќи Чави повеќе не настапува во Европа, а следниот активен фудбалер е Кристијано Роналдо со 115 настапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top