| четврток, 6 декември 2018 |

Талибанците зазедоа болница и владини згради во Авганистан

Авганистанските талибанци  денеска рано изутрината извршија жесток напад од три насоки врз авганистанскиот град Кундуз, престолнина на истоимената провинција, во која загинаа четири цивили, а 47 беа ранети.

talibanci

 

– Дваесет бунтовници загинале во судирите со силите за безбедност, кои исто така претрпеле жртви, но засега нивната бројка не е позната – изјави портпаролот на началникот на полицијата во Кундуз.

Талибанците зазедоа болница со 200 легла во Кундуз и уште неколку владини згради. Нивниот портпарол Забиула Муџахид на „Твитер“ изјави дека бунтовниците зазеле болница во јужниот дел на градот.

Информацијата за заземената државна болница беше потврдена и од полициски извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top