Металург во саботата ја оствари првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона. На домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“, металурзите славеа над Кадетен Шафхаузен со 28-24.
Најзаслужен за победата беше Јанко Божовиќ кој е најголемо засилување за тимот од Автокоманда ова лето. Тој постигна осум голови и сосема заслужено доби место во идеалниот состав во второто коло од Лигата на шампионите на позицијата десен бек. Божовиќ е првиот австриец во историјата на кого му успеало да биде во најдобар состав од најелитното натпреварување.
Јанко Божовиќ покажува дека се работи за одличен ракометар, бидејќи се наоѓа и на второто место на листата на најдобри стрелци по два одграни меча.
На следниот ЛИНК може да ги погледнете најдобрите ракоматри од овој викенд.
Најдобар состав:
лево крило – Јонас Калман (ПИК Сегед)
лев бек – Момир Илиќ (Веспрем)
среден бек – Никола Карабатиќ (ПСЖ)
десен бек – Јанко Божовиќ (Металург)
десно крило – Кристијан Бјорнсен (Кристијанштад)
пивот – Бјарте Мирхол (Скјерн)
голман – Рихард Капелин (Ла Риоха)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.