
Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев го посети ресенскиот крај, реагираа дел од земјоделците. Тие велат дека посетата на Заев ги иритирала затоа што тој мислел дека ако се земјоделци имале амнезија и не се сеќавале и не паметиле.
-Ние знаеме во кој период ни се врати нашата гордост и достоинство, знаеме од кога можеме да кажеме дека сме земјоделци. Пред тоа бевме луѓе од втор ред. Додека на нас чекаат и мравките да произведеме нешто жито или месо за да може останатите луѓе да се прехранат, да не јадат живи луѓе, доаѓа некој тука и ни кажува дека тој сега ќе го решел проблемот со јаболкото. Каде беа досега?, прашуваат тие.
Земјоделците од Ресен велат дека знаат како Заев го решавал проблемот во Струмица со корнишоните, па не сакаат да се случи тоа кај нив.
–Ние макотрпно и чесно како земјоделци работиме и сакаме својот труд на некој начин да го уновчиме. Знаеме кој ни помага, кој ни давал регрес порано, кој ни дава субвенции, а знаеме и кој рече дека тие субвенции ќе ги намалел, па ќе ги зголемел. Луѓе кои не се озбилни ние не можеме никако да ги сфатиме. Затоа ги молиме да не прават конфузија меѓу земјоделците, дека нешто ќе направат. Ги знаеме нивните способности и нивната чесност, додаваат земјоделците од Ресен кои на лидерот на СДСМ јасно му ставија на знаење дека немаат доверба во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


