| четврток, 6 декември 2018 |

Северина се омажи во тајност?

Severina i Igor KojićДенешната фотографија со текст „Мил мој, да не сме среќни би било вистински грев.. 22.11“ Северина фрли мамец за медиумите, а додека се шпекулираше за можните дати за венчавката, Северина во целосна приватност во Бала, Истра, го кажа своето „ДА“.

43. годишната Северина Вучковиќ денеска се омажи за 28 годипшниот Игор Којиќ во Бала, а веста е потврдена за локалните весници од повеќе избвори од местото, но и од блиските луѓе на Севе.

Велат дека таа плачела од среќа за време на целата церемонија. Присутни биле и синот Александар и мајка и Ана, како и кумовите Андреа Чернак од Загреб и Борис Ѓикановиќ од Белград.

церемонијата се случила на пладне, а невестата носела бела долга и „прилично декадентна“ венчаница, додека нејзината љубов, елегантен костум со пеперутка – вратоврска.

Сепак, и покрај написите и цитатите, официјална потврда за свадбата – нема.

Затоа дел се прашуваат – дали сето тоа било само генерална проба?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top