| четврток, 6 декември 2018 |

Кој патец му одговара на твоето лице?

Патецот што најдобро би ви прилегал не зависи само од фризурата што ви се допаѓа најмногу или должината на вашата коса, туку и од обликот на вашето лице. Пробајте го патецот соодветен на вашата форма и видете дали сме во право.

Четвртесто лице

На овој облик не му прилега патец на средина. Најдобра опција е длабок патец на страна, кој ќе ја омекне строгата линија на вилицата. Најдоброто место за патецот е на линијата над највисоката точка на лакот на веѓата, а може да го повлечете и дијагонално низ главата.

Срцевиден облик

Обликот на срце лице располага со широка вилица која визуелно може да се ублажи со патец на средината. Избегнувајте степенасти фризури, бидејќи така добивате спротивен ефект.

Тркалезно лице

Жените со тркалезно лице треба да носат патец на страна, бидејќи најдобро им прилега. „Завесата од коса“ на лицето ќе му даде убава форма.

Овално лице

На овалната форма прилегаат сите патеци. На страна, во средината, цик-цак, може да го носите како сакате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top