| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е најбогатиот невработен граѓанин на Македонија?

 

Државната антикорупциска комисија во случајот Жерновски утврдила уште две нови неправилности. Според извори во комисијата покрај непријавениот имот на улицата Петар Драпшин Жерновски пријавил  градежно земјиште на улица Ленинова број 85 но на таа локација не постои градежно земјиште туку изграден објект кој Жерновски не го пријавил во Антикорупциска.

Вториот случај е спорниот стан кој е купен по невообичаено ниска цена од фирмата Венекс  што еднаш е пријавен како купен а вториот пат како наследен.

Во различни анкетни изјави Жерновски пријавува различна квадратура на станот што наведува на помисла дека се работи за фиктивен договор и поклонет стан. Станот предходно бил во сопственост на фирмата Венекс која во времето на Ристо Пенов, кому Жерновски му бил советник, речиси бесплатно ги доби на користење паркинзите на Скопскиот клинички центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top