Жените во Саудиска Арабија добија дозвола да возат велосипед, но само за рекреација, никако како превозно средство и, секако, пристојно да се облечени и во присуство на маж.
Земјата го следи конзервативното толкување на исламот, кој, според нив, им забранува на жените да возат. Комисијата за промовирање вредности и превенција на пороци сега на жените им дозволи да возат велосипеди само во паркови за рекреација, а никако како превозно средство, исто како и за автомобилите и мотоциклите. Секако, и тогаш важи правилото да се избегнуваат местата на кои има млади мажи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.