| четврток, 6 декември 2018 |

Обама телефонски му ја честиташе победата на Ципрас

обама

Американскиот претседател Барак Обама го поздравил во телефонски разговор грчкиот премиер Алексис Ципрас во врска со неговата победа на парламентарните избори во Грција, одржани на 20 септември.

Обама изјавил дека очекува да работи заедно со грчката Влада, на која и претстои реализирање на серија економски реформи.

Претседателот ја изразил солидарноста на САД со Грција и Европската унија во врска со приливот на бегалци и мигранти.

Тој изрази подготвеност од американска страна за помагање на Сиријците и на други лица, кои имаат потреба од хуманитарна помош

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top