Кандидатот за градоначалник на општина Велес од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев се сретна со бизнисмените од овој град на која присуствуваше и вицепремиерот Владимир Пешевски.
На средбата се разговараше за економскиот дел од неговата програма за локален развој, а се направи и осврт на економска состојба во земјава и на она што Владата може да го направи за нив, со цел тие да се равиваат и да создават нови работни места.
– Ние нудиме забрзан економски развој како што се индустриските зони УЗУС и Речани и новата која ќе ја отвориме во Караслари. Истовремено, ќе дадеме и предност на туристичкиот комплекс Езеро „Младост“ и на инфраструктурата што треба да биде изградена до сите овие субјекти, со цел да ги привлечеме домашните и странски бизнисмени. И сето тоа ќе го работам во соработка со Владата, рече Чадиев.
Вицепремиерот Пешевски истакна дека оваа програма, која, како што рече, се состои од 70 програми кои ВМРО-ДПМНЕ ги подготви, е фокусирана најмногу кон економијата и за нејзино реализирање ќе треба да оствари одлична соработка со општината и градоначалникот.
– Сите политики што се креираат се спроведуваат на терен и затоа е многу важно да имаме ваква соработка, рече тој.
Пешевски потенцира дека со Чадиев како претседател на Советот на Општина Велес во изминатите четири години имал остварено одлична соработка и оти со негов избор за градоначалник се создава континуитет во соработката.
– Ние пред неколку недели најавивме странска инвестиција во Велес, а за името да почекаме да завршат изборите. Таа инвестиција не е повплна само за граѓаните, туку и за бизнисмените, потенцира Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.