| четврток, 6 декември 2018 |

Наставничка починала на сред час во Белград

Наставничка во српското основното училиште „Мирослав Антиќ“ во Белград, утринава починала откако среде час и се слошило. Учениците осмооделенци потресени останале во шок.

– Беше прекрасна жена. Децата ја обожаваа, син ми веднаш ми се јави, беше видно потресен и плачеше – изјавил за „Блиц“ Александар М., татко на дете кое било таму во моментот на несреќата.

Тој напоменува дека децата врескале и не знаеле што и се случува, барале помош.

Наставничката имала околу 40 години, а и се слошило за време на вториот час, на кој имало 30 ученици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top