| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија сте сигурни, во Албанија внимавајте

Македонија е сигурна земја за патување. Така барем вели мапата на на канадското министерство за надворешни работи, била  на која е прикажан ризикот за патување во одредени земји. Картата е направена по неодамнешните напади во Бразил и Индија.
Во опасната зона се наоѓаат Авганистан, Судан, Иран, Ирак…

Мапата вели дека во Албанија треба да избегнувате патување на некои места, додека во БиХ треба да бидете претпазливи. Хрватска е сигурна земја

Доколку сте во Бразил, мора да бидете „многу внимателни”, бидејќи е зголемен бројот на силувања, па Канаѓаните се загрижени за сигурноста на туристите за време на Светското првенство во 2014 и на Олимпијадата две години подоцна. Туристите во Индија треба да избегнуваат одредени места.

На Американската црна листа се Израел и Мексико, но не и Бразил, иако има една од највисоките стапки на убиства по глава на жител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top