Купување на нов стан е важна животна одлука која со себе носи голем број на прашања и дилеми кај идните сопственици. Ако и вие се наоѓате пред можеби најголемата животна инвестиција – купување на стан, тогаш погледнете го изборот на станови тука и запазете ги советите подолу при изборот на истиот, пишува порталот „Азбука на градот“.
Станбен кредит
Плаќање на месечна кирија е прифатливо за многу домаќинства бидејќи трошокот е распределен, но гледано на долг рок тоа е огромна сума на пари вложени во нешто што реално не е во ваша сопственост. Според пресметките за просечен станбен кредит од 30.000 евра, една месечна рата обично достигнува до 200 евра. Ова е слично на цена за месечна кирија за помал стан во Скопје. Па така, ратата за кредит за стан е речиси идентична со месечниот надомест за живот под кирија.
Изберете ја локацијата
При изборот на локацијата поставете си ги следниве прашања: Кој дел од градот највеќе одговара на мојот начин на живот? Колку е оддалечен станот од моето работно место? Дали сакам помирна или пораздвижена населба? Одговорот на овие прашања ќе го стесни изборот на вистинската локација за вас.
Споредете ги цените
Локацијата на станот е тесно поврзана со цената на квадратот. Општо познато е дека становите кои се наоѓаат во централното градско подрачје се поскапи во споредба со оние кои се лоцирани периферно. Исто така новоизградените станови се поскапи од старите станови. Пред да одлучите, пресметајте ги трошоците за превоз да стигнете од едно место до друго како и трошоците за реновирање на стар стан. Откако ќе ги земете во предвид и овие дополнителни трошоци нека не ве изненади ако цената по квадрат на становите се изедначи. Кој е изборот на станови и куќи во Скопје дознајте тука.
Купете стан во предградба
Становите во предградба се најповолни за купување бидејќи тогаш нивната цена е најниска. Друг бенефит е дека тогаш имате поголем избор на станови и можете да бирате која квадратура ви одговара како и на кој кат сакате станот да биде. Најдоброто при купување стан во предградба е дека можете да го направите по ваша мерка и да учестувате во изборот на деталите како избор на плочки, дрвенарија, боја на ѕидовите…
Негативности кај овој принцип на купување е дека не можете веднаш да се вселите во станот. За изградба на една зграда се потребни од 1.5-2 години. Втората причина е дека купувате на “слепо”, па затоа е многу важно да ги разгледате плановите, вклучително со материјалите од кои ќе биде изработена зградата за да видите дали вредат за цената на станот. Дополнително прегледајте ги и претходните проекти на изведувачот.
Дознајте од кои материјали е изграден станот
Квалитетниот стан мора да има добра надворешна и внатрешна изолација, квалитетна фасадна столарија и прозорци кои ќе ви овозможат намалена потрошувачка на струја и со тоа заштеда на енергија за греење и ладење. Друг важен фактор на кој треба да обрнете внимание е звучната изолација помеѓу преградните ѕидови во станот. Добра звучна изолација ќе ги апсорбира звуците кои доаѓаат од соседната соба или соседниот стан.
Пред да донесете било каква одлука за купување на стан, најважно е да ги разгледате сите опции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.