Најмалку 453 муслимански верници загинаа загинаа, а 719 други се повредени во стампедо за време на аџилакот во саудискиот град Мина, на пет километри од Мека, соопшти Директоратот за цивилна заштита на Саудиска Арабија.
Најголемиот број од жртвите се постари или лица со инвалидност.
Телевизијата Ал Џазира јави дека инцидентот се случил на улица околу која се наоѓаат времените кампови каде што во преку 160.000 шатори се сместени аџиите.
ТАСС информира дека причина за трагедијата е дефект на еден воз на релацијата од Мека до Мина, поради што се блокирале вратите. Кога возот пристигнал на перонот настанала турканица во обид на аџиите да дојдат до возот.
Во акцијата за помош на настраданите се вклучени повеќе од 4.000 лица.
Според официјалните податоци, на аџилакот оваа година има над два милиони луѓе.
Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и секој муслиман е должен барем еднаш во животот доколку е способен да замине на аџилак.
Најмалку сто лица загинаа и 230 беа повредени на 12 септември, откако се урна кран во најголемата џамија во светот, Ал Харам во Мека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е моментот на ужасот во Торино: Повредени 400 луѓе, моментот на експлозијата и крваво стампедо (видео)
-
Муслиман направил хаос во црква на Велики петок: Хрвати во паника настрадаа во стампедо
-
Стампето на натпревар: Загинати 17 лица, најмногу деца (вознемирувачко видео)
-
Над 60 повредени во стампедо на концерт во Австралија