Актерите Бен Афлек и Мет Дејмон планираат да снимат филм за скандалот што неодамна ја погоди Светската фудбалска федерација (ФИФА). Проектот на компанијата „Варнер Брос“ ќе го режира Гевин О’Конор според книгата на Кен Бесинџер „Куќата на измамата“, пренесуваат американските медиуми.
Во филмот се прикажува животот на поранешниот функционер на ФИФА Чак Блејзер, кој призна дека заедно со другите лидери на оваа организација примал мито.
Швајцарската полиција минатиот месец уапси девет високи претставници на ФИФА поради обвинувањата за перење пари, рекетирање и корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Македонија трет месец со ред 68. на ФИФА ранг листата
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија