| четврток, 6 декември 2018 |

Бен Афлек и Мет Дејмон ќе снимаат филм за измамата во ФИФА според романот „Куќа на измамата“

Актерите Бен Афлек и Мет Дејмон планираат да снимат филм за скандалот што неодамна ја погоди Светската фудбалска федерација (ФИФА). Проектот на компанијата „Варнер Брос“ ќе го режира Гевин О’Конор според книгата на Кен Бесинџер „Куќата на измамата“, пренесуваат американските медиуми.

Во филмот се прикажува животот на поранешниот функционер на ФИФА Чак Блејзер, кој призна дека заедно со другите лидери на оваа организација примал мито.

Швајцарската полиција минатиот месец уапси девет високи претставници на ФИФА поради обвинувањата за перење пари, рекетирање и корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top