| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев удри на своите од Лацио и доби црвен картон (видео)

pandev

Горан Пандев се врати на „Олимпико“ во Рим, но овојпат во дресот на Џенова против својот поранешен клуб Лацио и имаше незгодна епизода. Македонскиот интернационалец беше меѓу подобрите во таборот на гостите од Џенова, а мечот го заврши предвреме, откако беше исклучен. Во 85. минута при водство на Лацио од 2-0, Горан со лакт го удри Маурисио и доби директен црвен картон.

Пандев играше за Лацио пет сезони од 2004 до 2009 година, што е најдолг период за него во иста екипа, а летово потпиша за Џенова и ова му беше прв меч по враќањето во Италија против поранешниот клуб.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top