Македонскиот автор Никола Маџиров ќе чита поезија на отворањето на меѓународниот фестивал „Поети во Трансилванија“ што се одржува во романскиот град Сибиу, кој беше Европска престолнина на културата во 2007 година.
На фестивалот учествуваат и автори од Ирска, Белгија, САД, Шведска, Велика Британија и Полска.
Маџиров претходно учествуваше и на меѓународниот фестивал „Михаи Еминеску” во Крајова во Романија, а наскоро ќе следи и претставување на неговата поезија во Букурешт. Поезијата на Никола Маџиров беше објавена во превод на романски јазик од Дениса Дуран и Јоана Јероним, во повеќе списанија во Романија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.