Францускиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, со двата гола вечера против Атлетик Билбао го одведе својот тим до победа од 2-1 на „Сан Мамеш“. „Кралевите“ покрај тоа што славеа победа на жешкиот терен во Баскија го искористија киксот на Барселона и поразот од Селта Виго и го запоседнаа врвот на табелата по пет кола во Примера дивизија.
Уште во 19. минута следеше водството на Реал откако Бензема ја искористи грешката на одбранта на Билбао, а откако домашните израмнија преку Сабин во 67. минута, Бензема повторно стапи на сцена и со својот втор гол во 70. минута донесе победа.
Во оснатите два натпревари играни во терминот од 22 часот, Лас Палмас на домашен терен славеше над Севилја со 2-0, додека Вилјареал ја изненади Малага на гостувањето и славеше победа со 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)