По неверојатни пет победи во првите пет кола, екипата на Борусија Дортмунд конечно е запрена во серијата на гостувањето кај Хофенхајм. Домашната екипа не дозволи „милионерите“ да ја продолжат победничката низа заедно со Баерн Минхен, стигнувајќи на домашен терен до 1-1.
Хофенхајм дојде до водство со голот на Руди во 42. минута, а избраниците на Томас Тухл го израмнија резултатот преку Обамејанг во 55. минута, но тоа беше се што направија до крајот на мечот.
Шалке со денешната победа во рамките од шестото коло во Бундеслигата над Ајтрахт Франфурт од 2-0 се искачија на третото место на табелата со 13 бодови, веднаш зад лидеот Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Борусија Мехнехгладбах конечно дури по шест кола дојде до првите бодови победувајќи го на свој терен Аугсбург со 4-2.
Резултати: Хановер – Штутгарт 1-3, Хофенхајм – Борусија Д. 1-1, Леверкузен – Мајнц 1-0, Борусија М. – Аугсбург 4-2, Шалке – Франкфурт 2-0
ТАБЕЛА: Баерн Минхен 18 бода, Борусија Д. 16, Шалке 13, Волфсбург 11, Херта 10, Хамбургер 10, Келн 10, Инглштад 10 бода…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)