| четврток, 6 декември 2018 |

„Охридски староградски средби“ по 27. пат

Во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, на 25 септември по 27  пат ќе се одржат „Охридските староградски средби“.

Фестивалот има за цел да ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции.

Фестивалот ќе започне со почеток во 19 часот со дефиле на ансамблите низ старата чаршија и со настап на две локации: Градски плоштад и Стар чинар, а свечено ќе биде отворен во 20 часот.

Поздравен говор ќе одржат претставник од Општина Охрид и директорката на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Драгана Боцеска.

На 27  издание ќе настапат Градски хор НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, Македониум – Младински хор – Крушево, Пејачка група Сирма Војвода – Битола, КУД Далги пејачка група З.П. Охрид и Дебрца, Дом на култура „Лазар Софијанов“- Кратово, КУД Пензионери З.П. – Прилеп, Староградски ансамбл – Лубе Кумбароски – Струга, Распеани Гевгеличани – Гевгелија, Пејачка група Весела тајфа – Богданци, Охридски Мерак – Охрид, Вис орнаменти – НУ Центар за култура – Штип, Распеани Струмичани – НУЦК Струмица, НУЦК „ Марко Цепенков“ Октет – Прилеп и Чалгиска музика за мерак – Ацо Тасески.

Охридските староградски средби ќе се одржав во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“, а влезот е слободен.

Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top