| четврток, 6 декември 2018 |

Евроголот на „Супер“ Марио Балотели од слободен удар (видео)

Udinese vs AC Milan

Вчера и денеска се игра вонредно коло од најсилните лиги во Европа. Вчерашните натпревари ги одбележа „петардата“ на Роберт Левандовски, кој за само девет минути успеа да постигне пет гола во мрежата на актуелниот германски вицепрвак екипата на Волфсбург.
Сепак вредно е да се спомене и враќањето на Марио Балотели во првиот состав на Милан откако летово повторно се врати во „црвено-црниот“ дрес. Милан победи на гостувањето кај Удинезе со 3-2, а резултатот го отвори токму „Супер Марио“ со гол од слободен удар од повеќе од 25 метри, во петата минута. Тој со филигранска прецизност го погоди горниот десен агол од голот на Карнезис, кој само со поглед ја проследи топката во мрежата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top