| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе има кружен тек на семафорите кај фабриката „Усје“

kruzen tek

Актуелниот скопски градоначалник Коце Трајановски завчера најави дека булеварот Србија ќе се реконструира целосно и ќе се прошири со четири сообраќајни ленти од новиот кружен тек кај фабриката „Усје“ до улицата Христо Татарчев, поранешна улица Сава Ковачевиќ.

– Станува збор за реконструкција и проширување на булеварот Србија на потег во должина од околу 600 метри – најави Трајановски.

Трајановски наведе дека активностите ќе почнат со изработка на техничка документација на овој проект, додека текот на реконструкцијата и проширувањето на булеварот Србија ќе зависи од расчистувањето на имотно-правните односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top