Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, вели дека го преживеал најтешкиот ден од животот на аеродром во Мадрид, во исчекување на разврската со доаѓањето на Де Хеа во „кралскиот клуб“. Во последните мигови од летниот преоден рок, Навас бил подготвен да замине за Манчестер во редовите на Јунајтед, а од агентот што го застапува му било кажано да чека во салонот на аеродромот во Мадрид. На крајот, репрезентативецот на Костарика, сепак, остана во Реал Мадрид, бидејќи документите за потпис на Де Хеа не стасаа навреме во Мадрид.
„Немав ни куфери, ниту бев спакуван. Само чекав сигнал од мојот менаџер на аеродромот во Мадрид за да полетам за Манчестер. Дури ги минав и медицинските прегледи, но на крајот работата со документите на Де Хеа ја изјаловија работата. Веднаш отпатував дома и почнав да плачам. Тоа беше најтешкиот ден од мојот живот, но сега сум среќен што останав во Реал“, вели одличниот голман.
Судбината го награди неговиот професионализам и Навас брани феноменално на почетокот од натпреварите во Примера. Тој нема примено гол на 4 меча, односно 360 минути, а Реал има гол-разлика 12-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера