Македонскиот државјанин по кој трага германската полиција е роден во Германија, но таму живее со македонски пасош. Портпаролот на полицијата во Берлин, Штефан Редлих, во изјава за „МИА“ вели дека не може да го открие името на македонскиот државјанин за кого постои сомневање дека во моментов е дел од конфликтот во Сирија.
Засега не се открива ниту зошто осомничениот македонски државјанин, кој иако е роден во Германија, во оваа земја живеел со македонско државјанство. Тој е роден во 1996 година, а станал дел од радикални исламски структури откако бил регурутиран од страна на 51-годишен Мароканец, првоосомничен во случајот што го истражува германската полиција.
По неколкумесечна истрага, полицијата рано изутрина влегла во осум објекти од кој еден бил дел од една берлинска џамија, но засега нема повеќе информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.