| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Го чекаме одговорот на ЕУ до 14 часот, а потоа следуваат контрамерки

вучиќ

Доколку ЕУ до 14 часот не одговори на ситуацијата на границата меѓу Хрватска и Србија, тогаш Белград ќе преземе контрамерки поради едностраното затворање на границата за српските камиони, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ.

– Чекаме ЕУ да реагира до 14 часот, а потоа Србија ќе реагира мирно, без да ги крши правилата, но ќе укаже дека Хрватска не може да се изживува, да ја понижува земјата и да ја уништува српската економија без никакви последици- истакна Вучиќ.

Тој оцени дека потегот на Хрватска е „скандал од огромни размери“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top