| четврток, 6 декември 2018 |

Враќање на Шарапова

Miami Open tennis tournament

Марија Шарапова ја санира повредата што ја мачеше долг период и ќе игра на турнирот во кинескиот град Вухан. Таа доби специјална покана од организаторот за настап на овој турнир, кој почнува на 27 септември и има награден фонд од 2,2 милиони американски долари. Шарапова паузираше два и пол месеца.

– Гледам напред и искрено се радувам што ќе се вратам на тенискиот терен. Напорно тренирав во изминатиот период, повредата е веќе минато и се надевам дека ќе имам успешно враќање – изјави Шарапова.

Русинката нема настап на ниту еден турнир од поразот во полуфиналето на Вимблдон во дуел со Американката Серена Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top