| четврток, 6 декември 2018 |

Романија превентивно постави шатори за бегалци

romani
Букурешт како „превентивна мерка“ постави околу 120 шатори во близина на границата со Србија, иако досега бегалците ја заобиколуваат Романија.Половина од шаторите се подигнати во близина на селото Лунга, а остатокот близу селото Моравита. Се очекува во камповите да бидат испратени и преведувачи и медицински персонал.

Министерот за внатрешни работи на Романија Габриел Опреа изјави дека камповите ќе бидат тест на романската „способност да реагира“.

Романија, како и Унгарија се членки на ЕУ, но не во Шенген зоната на слободни граници, па бегалците ја избегнуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top