Брисел им даде рок до вторник на српските власти да одлучат дали го прифаќаат договорот или ќе се збогуваат од датум за преговори со ЕУ.
Државното раководство на Србија во следните неколку дена ќе мора да донесе тешка одлука, а црните сомнежи за можниот тек на разговорите со Приштина станаа реалност, изјави советникот на претседателот Марко Ѓуриќ по состанокот на државниот врв што се одржа синоќа, на кој се разговарало за последната рунда преговори во Брисел.
Како што објавија српските медиуми, следниот состанок е закажан за 9 април. Од кабинетот на српскиот претседател Томислав Николиќ соопштуваат дека до тогаш државниот врв детално ќе ја информира јавноста за следните чекори на Србија.
Високиот претставник на ЕУ, Катрин Ештон, под чие покровителство се одвиваат преговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел, вчера изјави дека им дава кратко време на двете страни да го прифатат понуденото решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


