Екипата на Наполи дури во четвртото коло од новата сезона во Серија А лигата во Италија стигна до првата победа и тоа на импресивен начин. По неколкуте разочарувачки резултати, наполитанците сиот бес го истурија врз Лацио победувајќи го со 5-0 вечерва на „Сан Паоло“.
Игуаин уште во 14. минута ја најави победата на Наполи, а по голот на Алан во 35. минута веќе беше јасно каде ќе одат бодовите. Во вториот дел Наполи беше уште по импресивен постигнувајќи три гола. Најпрвин Инсиње во 47 минута го зголеми резултатот на 3-0, Игураин со својот втор гол во 59. минута донесе 4-0. „Петардата“ ја заокружи Габиадини во 79. минута.
Наполи има 5 бода по четирите рунди, а Лацио остана на претходно освоените 6 бода од првите три натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)