Актуелниот шпански шампион, екипата на Барселона продолжува со одличните игри и во овогодишениот шампионат. По четири кола има стопроцентен учинок, а во последниот натпревар го победија тимот на Леванте со 4-1.
Иако резулатот не го покажува тоа, Каталонците се изнамачија додека да го скршат бедемот пред голот на гостите.
Првиот дел заврши без голови, а во второто полувреме од самиот почеток тргнаа во комплетна офанзива. Иако со комбиниран состав избраниците на Луис Енрике постигнаа дури четири гола во продолжението од мечот.
Прв резултатот го отвори централниот дефанзивец Бартра во 50 минута, за потоа за само 11 минути да постигнат уште два гола. Нејмар во 56. минута, па Меси погоди во 61. минута, а откако Аргентинецот промаши пенал во 75. минута, потоа погоди од игра во 90. минута. Единствениот гол за Леванте го постигна Касадесус во 66. минута.
Во останатите денешни натпревари, Севилја продолжува со лошите игри и повторно загуби на домашен терен од Селта со 1-2. Уште една гостинска победа извојува Спортинг Хихон над Ла Коруња од 2-3 и Рајо Валјекано против Лас Палмас со 0-1, додека Виљареал славеше на „Мадригал“ со 3-1 против Атлетик Билбао.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)