Препородената Борусија Дортмунд како да е сосема нов тим на почетокот на сезоната во Бундеслигата. Ако во претходното првенство играа слабо и без реализација, оваа година ја започнаа фантастично и по пет кола се наоѓаат на врвот на табелата со максимални пет победи и имресивна гол разлика од 18 дадени и само три примени гола.
Избраниците на Томас Тухл кој ја препороди екипата, ја нанижаа и десеттата победа во серија во сите натпреварувања а жртва денеска беше Баер Леверкузен кој загуби со 3-0.
Фантастичното трио Обамејенг-Кагава-Михтаријан продолжува со одличната реализација. Денеска стрелци на головите беа Хофман, Кагава и Обамејанг, а Михтаријан асистираше за првиот гол.
Во останатите денешни натпревари, Аугсбург на домашен терен славеше против Хановер со 2-0, а Шалке оствари минимална гостинска победа (0-1) против Штутгарт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)