| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер Јунајтед триумфално мина низ Саутемптон, Ливерпул немаше „муниција“ против Норвич (видео)

mancester junajted

Манчестер Јунајтед продолжува со добрите игри во Премиерлигата. Во седмото коло „црвените ѓаволи“ успешно ја минаа и пречката во шестото коло. На гостински терен ја совладаа екипата на Саутемптон со 3-2.
Домаќините поведоа со голот на Пеле во 13. минута, но летното засилување за екипата на Луис Ван Гал, Матриал со два гола го носи својот тим до целосен пресврт и предност од 2-1. Мата во 68 минута прави недостижна предност од два гола, а Пеле само успеа да го ублажи поразот на 2-3 со гол во 86.минута.

Ливерпул, пак, не успеа да триумфира на домашен терен, играјќи 1-1 со екипата на Норвич.

Ингс во 48. минута ги доведе „црвените“ во водство, но Мартин со гол во 61. минута го израмни резултатот. До крајот на натпреварот играчите на Брендон Роџерс имаа инцијатива за втор гол, но не успеаја повторно да ја затресат мрежата на гостите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top