| четврток, 6 декември 2018 |

Затворена Ајфеловата кула

ајфел

Ајфеловата кула, еден од најпосетуваните споменици во светот, беше затворен за посетителите, поради обид за недозволено влегување, јавува дописникот на МИА од Париз.

Ајфеловата кула беше затворена изутринава, соопшти претствник на споменикот, без да даде други објаснувања. На Ајфеловата кула беа забележани пожарникари-спасувачи, но тие ништо не констатираа, според портпаролот на париските пожарникари.

Непосредно пред отворањето на споменикот, едно лице беше забележано со ранец на грбот. За да се подигнат сите сомнежи, кулата беше проверена и со помош на хеликоптер.

Според пристните полицајци, најверојатно станува збор за екстремен спортист, кој сакал да скокне со падобранец од „старата железна дама“. Во 2005 година еден норвежанец на 31 година, се уби скокајќи со падобранец од Алфеловата кула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top