| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични пријава за двајца скопјани за криумчарење

криумчарење
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје  поднесе кривична пријава против две лица од Скопје поради транспорт на криумчарена стока и соизвршителство.Како што соопшти МВР, Р.Б.(28) се товари за кривичните дела „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, „повреда на право од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, „недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“ и „недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки“ (чл. 60) од Законот за акцизи, а Б.А.(25) за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска четирите горенаведени кривични дела.

Од страна на судија на предходна постапка на првопријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена, додека на второпријавениот му се одредени мерки на претпазливост забрана за напуштање на град Скопје и еднаш неделно јавување во Основен суд Скопје.

– Пријавените, откако претходно на точно неутврден начин и од непознато лице, во текот на септември годинава набавиле разновидни трговски стоки (текстилна стока, кожна галантерија, автоделови, кафе, сијалици, режан тутун) од поголема вредност во вкупен износ од 4.627.080 денари за кои знаеле дека се предмет на „криумчарење“, без да поседуваат соодветна документација за потеклото на стоките, со намера да ги превезат и продадат на 17-ти овој месец ги натовариле во товарномоторно возило при што првопријавениот во својство на возач и второпријавениот во својство на совозач се упатиле кон град Скопје. При тоа, во село Кучевиште возилото било сопрено од страна на полициски службеници кои откако констатрирале дека пријавените не поседувале соодветна документација, биле приведени во полициска станица каде била извршена контрола и преглед на возилото и биле одземени, соопшти МВР.

На тој начин, се нагласува во соопштението, пријавените пуштиле во акцизно правен слободен промет на акцизната територија на Р. Македонија тутунски добра кои подлежат на акциза и тоа тутун за пушење без контролни марки во форма на фино сецкан тутун во количина од 600 килограми, наменет за да се продаде за виткање цигари, за кои тутунски добра избегнале и не платиле акциза во вкупен износ од 810.000 денари, со кој износ се стекнале со противправна имотна корист, а од друга страна за истиот износ го оштетиле буџетот на Р. Македонија. Воедно, пуштиле во промет сијалици марка „Искра“ наводно произведени во Р. Украина како оригинални со што извршиле повреда на туѓа заштитена марка и нанеле штета на носителот на трговска марка „Искра“ од Украина и носителот на нејзиното право во Р. Македонија-правно лице од Скопје.

Од страна на единицата за економски и компјутерски криминал одземеното возило и стоките ќе бидат предадени на Агенција за уравување со одземен имот на РМ.

Инаку, во претходниот период пријавените лица не се кривично пријавувани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top