| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија уапсени 1.785 лица осомничени за криумчарење мигранти

ми

Во Германија во периодот јануари – јули оваа година биле уапсени 1.785 луѓе осомничени за криумчарење мигранти, а се очекува таа цифра да биде наскоро и 2.000, соопшти денеска полицијата.

Меѓу уапсените 227 се од Унгарија, 147 од Романија, 110 од Србија, 108 од Сирија и 101 од Бугарија.

Германската полиција лани уапсила 2.149 луѓе осомничени за криумчарење мигранти и азиланти во државата.

Се очекува оваа година во Германија да бидат поднесени 800 илјади барања за азил, што е четирипати повеќе отколку минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top