Екипата на Металург го одигра првиот натпревар од овогодишната Лига на шампиони на гостински терен против Мотор Запорожје и загуби со 30-24.
Иако важеше за апсолутен фаворит, Мотор не очекуваше дека ќе добие толку голем отпор од поранешниот македонски шампион, и се мачеше со цвртата одбрана на Металург во поголемиот дел од натпреварот, односно се до 45 минута.
Во првиот дел двата тима влегоа претпазливо во почетните минути и за цели 12 минути игра постигнаа по два гола.
Во продолжението Мотор се одлепи со серија од 3-0 која успешно ја чуваше до полувремето (13-9) бидејќи Металург играше тешко во нападот.
Во второто полувреме разликата во квалитет исплива на површина и Мотор за само 15 минути дојде до високи девет голови разлика (24-15), Сепак, во последната минута упорноста на момците на Лино Червар се исплатеше и со неколку ефикасни контри тие намалија на пристојна негатива од шест гола.
Нападот беше безидеен и се потпираше во мнозинството случаи на индивидуалноста на Јанко Божовиќ, кој беше најефикасен на мечот со 10 гола. Марко Матиќ стигна до пет гола, а по два додадоа Костески, Пешевски и Маџовски.
Во второто коло од ЛШ Металург ќе игра на домашен терен, против швајцарскиот првак Кадетен Шафхаузен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.