| четврток, 6 декември 2018 |

Романтика од Работнички што не му лежи на Вардар

Работнички го победи градскиот ривал Вардар со 2-1, во последниот меч од 23. коло, во домашното првенство. На „Филип втори“ арената, „црвено-црните“ добија свирежи од публиката, а за аутсајдерот е големиот триумф, апсолутно заслужен. Романтичарите беа подобри и во самиот финиш дојдоа до цел плен. Во 92. минута беше досуден пенал, а патем исклучен беше голманот на Вардар, Дејан Милиќ. Домаќините веќе имаа направено три измени, па на голот застана стоперот Владимир Димитровски. Шутираше Крсте Велкоски, но го погоди дирекот, а одбраната на Вардар расчисти во корнер. И кога сите помислија дека дербито ќе заврши мирољубиво, Дино Најдоски, по корнерот беше најснаодлив и погоди за големо славје на „романтичарите“. Вардар поведе во 45. минута, со голот на Предраг Ранѓеловиќ, израмни Емир Адем во 67. минута, а триумфот стаса во последните моменти од мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top