Шестото коло во Премиер лигата ни помалку ни повеќе го отвори лондонското дерби меѓу лутите ривали, Челси и Арсенал.
„Сините“ успеаја да слават победа со 2-0 на домашен терен, во натпревар кој изобилуваше со многу тензија, без некои фудбалски мајстории, црвени картони и многу прекршоци.
Со оваа победа Челси добива дополнителен мотив да се врати на патеките каде што припаѓа бидејќи во претходните пет кола остварија само една победа.
„Топчиите“ имаат за што да жалат бидејќи играа добар фудбал во првото полувреме, но потоа следеше исклучување на Габриел, во финишот и црвен картон за Казорла, па избраниците на Венгер со девет фудбалери немаа што да бараат на „Стемфорд бриџ“.
Како клучен момент за натпреварот беше финишот од првиот дел кога пргавиот Диего Коста успеа да го испорвоцира Габриел, а овој наседна на тоа и заработи црвен картон.
Во составот на Жозе Мурињо го немаше капитенот Џон Тери кој остана на клупата, а на негово место настапи Курт Зума кој заедно со гери Кејхил имаа големи проблеми во организирање на одбраната во првиот дел.
Сепак Зума на самиот почеток на второто полувреме постигна гол за водство од 1-0 по одличната нафрлена топка на Сеск Фабрегас од слободен удар.
Арсенал се откажа од натпреварот поготово по вториот жолт картон на Санти Казорла и со девет играчи беа немоќни да стори нешто повеќе. Тоа го искористи Еден Азар и во судиското продолжение го постави конечниот резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



