Голманската легенда на Реал Мадрид, Икер Касилјас, кој ова лето како слободен играч прејде во редовите на Порто, ја отвори душата и по долги години прозборе за неговиот однос со тренерот Мурињо додека Португалецот беше на клупата на „кралевите“.
Тој призна дек имал проблеми со Жозе, но и дека не бил единствениот кој бил во кавга со „специјалниот“.
– Знам уште неколку фудбалери кои беа во лоши односи со Мурињо. Но, нема да ги именувам. Медиумите го знаеја тоа, но само мене ме ставаа во тој контекст. На крајот, според нивните приказни излегува дека јас сум единствениот кој бил во кавга со Мурињо. Никогаш не ми беше јасно зошто го правеа тоа – изјави Касилјас.
Голманот ќе има шанса повторно да се сретне со Мурињо, затоа што неговиот нов клуб Порто е во група со Челси во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Остри критики кон Мурињо: Ако има доволно пари, нема потреба повеќе да пречи, нека се откаже
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо: Тоа не беше казна, не е страшно ако Погба еден натпревар е на клупа
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед