| четврток, 6 декември 2018 |

„Црвено-црните“ без Лазаров и Ангелов отпатуваа за Монпелје

R vardar mazi (23) (Custom)

Екипата на Вардар утринава замина за Монеплје, каде утре ќе го одигра премиериот натпревар од Лигата на шампионите. Во летот за Франција немаше место за двајцата македонски репрезентативци, Петар Ангелов и Филип Лазаров.
На последниот тренинг во Скопје вчера, тренерот Раул Гонзалес ги одбра 17-те ракометари на кои ќе смета за дуелот од првото коло, а дополнително пред средбата ќе мора да се одлучи за уште еден ракометар кој натпреварот ќе го проследи од трибините во Монпелје.

Шпанскиот тренер покрај неприкосновениот на голот Арпад Штребик имаше проблем околку ревашање на проблемот со вториот голман, и сепак се раши за Страхиња Милиќ кој одлично ја изработе задачата да ги намали вишокот на килограми. Популарниот „Диви“ долго време влече повреда на грбот, па затоа остана и во Скопје.

Филип Лазаров во последната недела се пожалил на ситна повреда на коленото, но тоа не ги загриужува од таборот на „црвено-црните“ бидејќи тој се очекува да биде фит веќе за второто коло, но и податокот дека на неговата позиција играат уште тројца врвни ракометари, Лацковиќ, Горбок и Дервен.

Мечот е закажан за утре со почеток од 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top