| четврток, 6 декември 2018 |

Словенечката полиција им го блокираше патот на повеќе стотици бегалци

­ Словенечката интервентна полиција им го блокираше денеска патот на повеќе стотици бегалци, кои се обиделе да ја преминат словенечката граница од селото Хармица, од хрватската страна на границата.

slovenia migranti

 

Бегалците минувале мал мост преку реката Сутла на ничија земја, но патот им го попречил кордон на словенечката интервента полиција.

Претходно на истиот мост, но кон хрватската страна преминале словенечки активисти, кои извикуваа; „Бегалци, добродојдовте!“.

Словенечката Влада соопшти дека ќе ги прифаќа лицата, кои бараат азил, но ќе депортира секого за кого ќе заклучи дека е илегален имигрант. Во Словенија од Хрватска до денеска попладне илегално влегле околу илјада бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top