| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалска скандинавка за Македонија, ќе играме и против Шведска

Фудбалската федерација на Македонија денеска и официјално го потврди пријателскиот натпревар што нашиот национален тим ќе го одигра против Шведска на 3 јуни. „Црвено-жолтите“ ќе гостуваат во Малме, и тоа ќе биде трет дуел со скандинавска селекција годинава, откако ги победивме Данците со 3-0 во Скопје, а договоривме пријателски меш и со Норвешка на 11. јуни. Меѓу тие два дуели ќе им гостува и на Швеѓаните. Против нив имаме два порази во квалификациите за СП 2002, во Гетеборг со 0-1 и во Скопје со 1-2. Пред избраниците на Чедомир Јаневски ќе биде вистински предизвик, да се забележи првиот успех против Златан Ибрахимовиќ и останатите шведски репрезентативци.

Само осум дена по тестот со Шведска, Македонија ќе ја продолжи скандинавската турнеја и во Осло ќе ги одмери силите со Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top