Стотици илјади Турци учествуваа во Анкара во голем протест против тероризмот.
Демонстрациите се одржани на иницијатива на Сојузот на стопански комори и берзи на Турција (ТОББ) со поддршка на десетина синдикати и граѓански иницијативи, пренесува МИА.
Претседателот на ТОББ Рифат Хисарџиклиоглу во обраќањето пред настанот ги повика демонстрантите да носат турско знаме, без други плакати и знамиња, со цел да се нагласи дека протестот е во името на мирот во земјата.
Според организаторите, цел на протестот е да се каже не на тероризмот и да на братството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.