По повод новата учебна година, утре (19 септември), со почеток во 12 часот, во Македонската опера и балет ќе се одржи популарната претстава за деца „Петар Пан“.
Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М. Бери (1860–1937). Палаво момче што може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров „Недојдија“ како лидер на својата банда „Загубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, смаовили и пирати, одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.
Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
Исто така, претставата „Петар Пан“ во вторник, (22.9.2015 година), ќе биде изведена на сцената на Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, така што и прилепските деца ќе имаат можност да уживаат во оваа омилена претстава за деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.