Македонскиот ракометен шампион и еден од подобрите тимови во Европа в недела во Монпелје ја започнува новата одисеја во Лигата на шампионите. И оваа година амбициите се исти, напад на самиот европски врв и пласман на фајнал-фор турнирот во Келн.
Стар познаник од минатата сезона но овојпат со уште поголема самодоверба Вардар влегува во првиот натпревар. Минатата година натпреварот во Монпелје заврши 34-34, но сега победата е императив бидејќи Вардар се засили со неколку квалитетни имиња.
Едно од нив е средниот бек Лука Циндриќ кој по пауза од една година повторно ќе заигра во Лигата на шампионите ново сега во „црвено-црниот“ дрес.
– Важно е да отвориме добро против Монпелје, за да се всади еден победнички менталитет со кој би се кренала самодовербата. Нема лесни противници, особено во овој нов ситем на натпреварување и поделба на екипите според квалитетот. На секој натпревар мора да се даде 100 проценти доколку се сака да се стигне до триумф – изјави Циндриќ за официјалната веб-страница на клубот.
– Се враќам по една година во Лигата на шампионите, тоа е најважното натпреварување за секој спортист и се надевам дека ќе го дадам најдоброто од себе. Првиот меч е најважен. Важно е добро да отвориме против Монпелје, да всадиме во екипата еден победнички менталитет и со тоа да ја кренеме самодовербата. Нема лесен противник, особено во овој нов систем. На секој натпревар мора да се влезе со сто посто од силите – најави средниот бек Циндриќ.
Вардарци в сабота рано наутро тргнуваат за Фрацнија, а натпреварот се игра в недела со почеток од 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.