| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас е убеден дека Грците ќе му дадат убедливо мнозинство

­ Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, изрази уверување дека Грците ќе ги демантираат анкетите што покажуваат дека двете главни партии се блиску со проценти, и ќе му дадат убедливо мнозинство. ­

ципрас3

 

– Јас сум апсолутно сигурен дека грчкиот народ уште еднаш ќе ги побие пораките на анкетите, кои предвидуваат дерби – рече Ципрас за време на предизборниот митинг во градот Агиос Николаос, на Крит. ­

– Ние крвавевме со цел да го запреме крвавењето на нашиот народ, бидејќи го дадовме тоа ветување и го одржавме до самиот крај – рече тој, и повтори дека дилемата е дали ќе владее стариот естаблишмент или влада што се бори.

– Дали преферирате влада што ќе го открие списокот Лагард, или тие што ќе го прикријат – истакна лидерот на СИРИЗА.

Ципрас рече дека не бара втора шанса, туку шанса да го продолжи првиот напор. ­

– Немавме можност да одиме напред и да завршиме со исполнување на нашата работа – подвлече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top