Вечерва, на 3 април, во Кавадарци ќе почне со снимање првата епизода од ТВ- серијата „Тиквешко востание“, со која ќе се одбележи 100-годишнината од Тиквешкото востание од 1913 година.
Серијата е во продукција на „Видео студио – Петковски“. Режисер е Драган Вељановски. Автор на сценариото е Стево Симски, а директор на фотографија Тони Коцев. Улогите ќе ги толкуваат: Дејан Лилиќ, Сашко Коцев, Јелена Галевски, Арна Шијак, Диме Коцевски, Игор Џамбазов, Александар Михајловски, Тони Михајловски.
ТВ-серијата „Тиквешко востание“ ќе има четири епизоди и се темели на историски настан – организиран национален револт против српскиот окупатор, како и на случки и настани од првата половина на 1913 година со учество на личности од Кавадарци, Неготино и околите села.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.