| четврток, 6 декември 2018 |

Бан Ки Мун шокиран од судирот на унгарската полиција со бегалците на границата

бан

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изрази несогласување со бруталната постапка на унгарската полиција, кон бегалците на унгарско-српкста граница, откако полицајците употребија солзавец и водени топови.

-Ваквата постапка е апсолутно неприфатлива- изјави Бан Ки Мун.
Унгарските специјалци нападнаа неколку стотици бегалци за кои се тврди дека се обиделе илегално да влезат во Унгарија, на пат кон Австрија и Германија, обвинувајќи ги дека претходно ја пресекле жичаната ограда.

Полицијата сакала да ги врати бегалците назад, кон Србија, но употребувајќи сила, настанала паника меѓу луѓето што стоеле заробени меѓу граничните линии на двете соседни земји, па бегалците почнале да бегаат назад.
Се создало станпедо во кое има на десетина повредени, меѓу кои и деца, сите, главно, со раскрвавени делови од телото и со проблеми со очите и при дишењето, од солзавецот на унгарските полицајци.
Унгарските и српските власти твдат дека има само тројца повредени емигранти.

Официјална Будимпешта ја брани постапката на полицијата, тврдејќи дека полицијата била нападната и дека има 20 повредени полицајци.
Портпаролот на унгарската влада, кој се наоѓал на граничната линија, ги обвини бегалците дека ги користеле децата како „жив штит“ пред полицијата.

Српскиот премиер Александар Вучиќ, во изјава за Си-Ен-Ен ја осуди постапката на унгарските власти, порачувајќи ѝ на владата во Будимпешта „да не ја повтори ваквата акција“ и забележувајќи дека полицијата, практично, фрлала солзавец на српската територија.

Затворањето на унгарската граница предизвика бранот бегалци сега да се насочи кон Хрватска. Само во текот на вчершниот ден повеќе од пет илјади лица влегле на хрватска територија, преку граничниот премиен кај Шид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top